Нов масакр во Австралија: Убиени осум деца во предградие на Кернс
19.12.2014 09:54
Полицијата во Квинсленд соопшти дека во куќа во предградието на градот Кeрнс биле пронајдени деца на возраст од 18 месеци до 15 години...

Осум деца брутално се убиени, а една жена е ранета во северниот австралиски град Кeрнс, соопшти австралиската полиција.
Според инофрмациите на австралиските медиуми, децата биле избодени.
Полицијата во Квинсленд соопшти дека во куќа во предградието на градот Кeрнс биле пронајдени деца на возраст од 18 месеци до 15 години. Полицијата сеуште не потврдила дека децата биле убиени со ладно оружје.
„Станува збор за невидено злосторство. Ова се тешки денови за нашата земја“, изјави премиерот на Австралија, Тони Абот во врска со случувањата во Кернс.
