Нови откупно-дистрибутивни центри ќе се градат во 13 општини
Во 13 општини се планира да бидат изградени нови откупно- дистрибутивни центри. Досега еден е веќе во завршна фаза, а за два има странски инвеститори...

Државата подготвува 13 локации за изградба на откупни центри. Ќе се бидат во поголемите земјоделски региони и тоа во: Гевгелија, Богданци, Кочани, Свети Николе, Кадрифаково, Валандово, Неготино, Штип, Василево, Кавадарци, Лозово, Пехчево и Липково.
Дејноста е за откуп, складирање и дистрибуција на свежо овошје и зеленчук.
Во завршна фаза е дистрибутивниот центар во Ресен во сопственост на компанијата „Ејпл Ленд“ од Дубаи, наменет за јаболко со капацитет од 5.000 тони.
Следната година се очекува да почнат со работа уште два објекти во Илинден и во Врапчиште. Турските инвеститори се во фаза на утврдување на локациите за складирање.
Методија Трајков
