Трагедија во Австралија, убиени осум деца
Полицијата дошла по дојава на 34-годишна жена, која според првичните информации им била роднина на загинатите деца. Веднаш е хоспитализирана поради прободни рани, но е во стабилна состојба и соработува со полицијата за да се утврдат сторителите на убиството...

Нова трагедија во Австралија. Осум деца на возраст од 18 месеци до 15 години се најдени мртви во куќа во Квинсленд.
„Шокиран сум од ова што се случило. Изутрината децата си играа во дворот. Се беше во ред“, велат соседите.
„На телевизија слушнав за трагедијата. Веднаш дојдов да видам што навистина се случува“, изјави роднина на загинатите деца.
Полицијата дошла по дојава на 34-годишна жена, која според првичните информации им била роднина на загинатите деца. Веднаш е хоспитализирана поради прободни рани, но е во стабилна состојба и соработува со полицијата за да се утврдат сторителите на убиството.
„Жената е во стабилна состојба. Јавноста не треба да биде загрижена. Ова е трагичен настан но ние правиме напори да ги најдеме сторителите“, изјави Бруно Асникар, полиција Квинсленд.
Премиерот на Автралија, Тони Абот го осуди инцидентот и го нарече трагичен чин. Полицијата се уште нема осомничени за инцидентот.
Локалните медиуми јавуваат дека во тек е претрес на куќата и дека бројот на загинати може да биде поголем.
Марија Петковска
