Позната агенција за обезбедување од Скопје затајувала данок

19.12.2014 12:16

Сопственикот и уште едно лице заработија кривична за даночно затајување, фалсификување и помагање. Агенцијата во 2004-та склучила договор со странска мисија во Македонија за услуги за што на месечно ниво инкасирале голема сума пари...

Агенција за обезбедување од Скопје затаила 383 илјади евра данок со фалсификувани фактури од странство. По неколку месечна истарга, Финансиската полиција разоткрила разработена шема и канали за затајување данок во работењето на позната агенција за обезбедување.

Сопственикот и уште едно лице заработија кривична за даночно затајување, фалсификување и помагање. Агенцијата во 2004-та склучила договор со странска мисија во Македонија за услуги за што на месечно ниво инкасирале голема сума пари.

Ја разработиле шемата со отворање на фирми во странство, отвориле нерезидентни сметки во земјава  кои ги користеле за извлекување кеш. Како основ за плаќање кон странските фирми биле користени фалсификувани фактури, со идентична содржина од странски фирми за наводно извршени услуги.

Биле креирани од исто лице со цел даночно затајување и оштетување на буџетот на Република Македонија.

 

Наташа Гркова- Петрушевска