Волонтерството- предизвик за младите струмичани
Младите од Струмица сериозно ја сфатиле важноста од волонтерството. Вистински предизвик за нив е да помагаат, за што говори и се поголемиот број волонтери во Младинскиот совет...

Да се биде волонтер значи да се развива солидарноста, да се промовира активно граѓанство и взаемно разбирање помеѓу младите луѓе. За младите струмичани е предизвик да се биде волонтер. За тоа зборува и големиот број регистрирани волонтери на ова подрачје.
Mартин и Катерина се долгогодишни волонтери во Младински совет- Струмица. Досега биле дел од многу проекти од кои стекнале големо искуство.
За луѓето кои работат со волонтери и ја координираат нивната работа, волонтерството е голем предизвик.
Периодов, Младинскиот совет се вклучи во шестиот циклус од проектот „Локален Волонтерски Сервис“, отворајќи 100 нови волонтерски позиции.
За волонтерите ќе следува надоместок од 3.300 денари месечно од донаторски средства. Дел од трошоците ќе бидат обезбедени од локалните самоуправи каде ќе работат волонтерите во период од три месеци.
Катерина Давчева
