Американски „Капкон“ ќе отвори 400 нови работни места

19.12.2014 13:01

Фабриката со работа почнува во летото 2015-та година, а менаџерите најавија и отворање на Технички центар...

Американската компанија „Капкон“ ќе инвестира во Македонија. Го потпиша договорот за реализаиција. Ќе гради во индустриската зона Бунарџик. Од зоната во Скопје ќе извезуваат високо софистицирани автомобилски компоненти како ифлатори за воздушни перничиња.

Инвестицијата е вредна 18 милиони долари и ќе донесе 400 нови работни места.

Фабриката со работа почнува во летото 2015-та година, а менаџерите најавија и отворање на Технички центар во кој ќе се обучуваат домашни инженери кои ќе бидат праќани на доусовршување во Америка.