Путин: Македонија може да биде на главната траса на „новиот Јужен поток“
Одлуката главно ќе зависи од нашите европски партнери. Дали сакаат стабилно, загарантирано и апсолутно транспарентно снабдување со енергенси од Русија, изјави рускиот претседател на вчерашната годишна конференција за новинари...

Македонија може да се најде на главната траса на новиот Јужен Поток. Рускиот претседател Путин ги посочил нашата држава и Грција како можни алтернативи на Бугарија за транспорт на гас до Европа. Новата руска најава е за изградба на гасовод под Црното Море до Турција за што се очекува опциите за транспорт дополнително да се утврдат.
Одлуката главно ќе зависи од нашите европски партнери. Дали сакаат стабилно, загарантирано и апсолутно транспарентно снабдување со енергенси од Русија. Ако сакаат можеме да почнеме да работиме на гасовод до Македонија, преку Грција, кој ќе продолжува кон Србија и ќе оди до Баумгартен во Австрија. Ако не го сакаат, тогаш нема да го градиме, изјавил Путин на годишната пресконференција пред новинарите.
