Груевски на средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск
19.12.2014 13:11
Средбите следуваат по Самитот на лидерите на Народни партии...

Во Брисел средба на премиерот Груевски и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Вчера Груевски разговарал и со новиот еврокомесар за проширување Јоханес Хан кој ја најавил посетата на Македонија во јануари следната година.
Средбите следуваат по Самитот на лидерите на Народни партии на кои главна тема била распределбата на 315 милијради евра од инвестицискиот пакет на Европската комисија.
