Девет гранкови синдикати на КСС го поддржаа задолжителното осигурување на хонрарите
Синдикатите очекуваат дека со оваа мерка драстично ќе се зголеми официјалната вработеност во државата...

Девет гранкови синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати дадоа поддршка на законските измени за задолжително осигурување на хонорарите. ККС со став ќе се заштитат работничките права во остварувањето на пензиско и здравствено осигурување.
„Дополнително хонорарците или оние кои имаат договори на дело ќе можат да си го докупат или да ги одработат годините кои недостасуваат за стекнување на услови за старосна пензија“, истакна на прес-конференција генералниот секретар на КСС, Љубе Стојковски.
Синдикатите очекуваат дека со оваа мерка драстично ќе се зголеми официјалната вработеност во државата.
Деветте гранкови синдикати кои денеска дадоа поддршка на законските измени се Синдикатите за транспорт и врски, за администрација и државни управи, за енергетика, рударство и индустрија, на пошта и телекомуникациски оператори, на пожарникарите, на одбраната, за земјоделство и за угостителство и туризам.
