Рондо во Далас, Вориорс пак победуваат!
По поразот од Мемфис, Голден Стејт го задржа најдобриот ефект во лигата со победата против Оклахома, со 114:109. Повредата на гостинскиот кошаркар Дурент е клучна за 22-от триумф сезонава на Вориорс...

Четири дуели и една звучна размена во НБА ноќта. Плејмејкерот на Бостон, Рондо е трејдуван во Далас, во спротивен правец ќе заминат Нелсон, Рајт и Краудер. Договорот на Рондо истекуваше на крајот на сезоната, па за да не бидат во минус, Селтикс се решија на оваа соработка со екипата од Тексас од којашто ќе ги преземат и правата на бирање на драфот идната година во првиот и во 2016-та во вториот круг. Во неполните шест години во Бостон, Рондо освои еден шампионски прстен и одигра 527 меча во којшто во просек реализираше по 11 поени и по 8,5 асистенции.
По поразот од Мемфис, Голден Стејт го задржа најдобриот ефект во лигата со победата против Оклахома, со 114:109. Повредата на гостинскиот кошаркар Дурент е клучна за 22-от триумф сезонава на Вориорс. Оклахома имаше +17 во првиот период, а Дурент до свиткувањето на скочниот зглоб постигна 30 поени за 18 минути. Вестбрук до крајот даде 33, но тоа не беше доволно за четврти пораз на Голден Стејт којшто го предводеше Кари со 34 коша, 19 асистенции и 7 скока.
Во отсуство на Роуз и на Ентони, прв играч на дуелот меѓу Чикаго и Њујорк беше Батлер кој постигна 35 поени за победа на Булс од 103:97.
Њу Орлеанс го изненади Хјустон со 99:90 благодарение на 30-те коша и 14-те скока на Дејвис, а на гости славеше и Милвоки против Сакраменто со 108:107. На Кингс не им помогна ниту враќањето на Казнс кој беше најефикасен со 27 поени, додека кај гостите расположено беше триото, Најт со 20 и Мејо и Дадли со по 19 коша.
