Груевски: Македонија има поддршка од новиот претседател на Европскиот совет за членство во ЕУ

19.12.2014 15:06

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск се интересирал за реформите, ги пофалил потезите во економијата...

Македонија има подршка за отпочнување преговори за членство во Еевропската унија од  новиот претседател на Европскиот совет. Со овој став на средбата со премиерот Груевски – Туск се интересирал за реформите, ги пофалил потезите во економијата.

„Неговата поддршка ја имаме. Ние се познаваме многу долго со г-дин Туск во рамките на ЕПП, долго комуницираме, исто така и билатерално како премиери на две држави, така што тој секогаш декларирал дека се поддржувачи на членството на Македонија во ЕУ, односно во моментов на почнување на преговорите, но тоа не зависи само од него. Сепак, тоа е одлука за која треба да се согласат сите земји членки“, изјави премиерот Груевски.

Во фокусот на разговорите бил и наметнатиот спор за името.