В недела „Лисистрата“ на сцената на Театар Комедија
„Лисистрата“ е старогрчка комедија од Аристофан. Во светската драматургија спаѓа во една од првите револуционерни комедии, во која улогата ја презема една жена- жена херој која мисли на општото добро...

Театар комедија работи со полна пареа. В недела ќе ја имаат четвртата премиера за оваа година. Претставата „Лисистрата“ од Аристофан е по текст напишан 500 години пред нашата ера, но се уште актуелен. Во оваа претстава ние жените ќе ја спасиме државата, вели директорката на Театарот Комедија, Јелена Жугиќ, која ја толкува и главната улога, Лисистрата.
„Долго ја барав актерката Лисистрата шетајќи од театар до театар и не можев да ја најдам, се додека лани ми блесна во глава дека тоа е оваа личност што седи до мене, а тоа е Јелена Жугиќ“, изјави режисерката Наташа Поплавска.
„Режисерка со која се знаеме уште од студентските денови и замислете за прв пат работиме“, вели Јелена Жугиќ, директорка на Театар Комедија.
„Лисистрата“ е старогрчка комедија од Аристофан. Во светската драматургија спаѓа во една од првите револуционерни комедии, во која улогата ја презема една жена- жена херој која мисли на општото добро, а не само на своето, водејќи се од потребата да направи промена во општеството.
„Мислев дека нема да играм во оваа претстава и се израдував многу кога ми ја понудија улогата на спартанецот“, вели актерот Едмонд Сотир.
Тетатар Комедија оваа година имаше едно меѓународно гостување, значајно и за театарот и за државава, бидејќи за прв пат, национален театар гостуваше во Канада, во Торонто, со хит претставата Стјуардеси, за која билетите се продаваат три претстави однапред.
Александра Перевска
