Повторно насилство на истокот на Украина

19.12.2014 15:45

Во Киев денеска треба да допатува шефот на германската дипломатија Френк Валтер Штајнмајеркој ќе разговара со претседателот Порошенко ...

Пет украински војници загинаа, а седуммина се ранети во последните 24 часа на истокот на Украина.

Повторното насилство се случува само неколку часа пред видео конференцијата на претставници на Киев и проруски бунтовници кои треба да го одредат датумот за продолжување на мировните преговори.

Во Киев денеска треба да допатува шефот на германската дипломатија Френк Валтер Штајнмајеркој ќе разговара со претседателот Порошенко и премиерот Јацењук.