Протести во Хаити, демонстрантите бараат оставка од претседателот
Ако не се одржат избори до 12 јануари, парламентот ќе се распушти и ќе ја остави земјата без функционална влада...

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во главниот град на Хаити, Порт О Пренс барајќи оставка од претседателот Мајкл Мартели. Протестите се закануваат да ја загрозат стабилноста на најсиромашната нација во западната хемисфера. Предводени од опозициските лидери, демонстрантите ја обвинуваат владата за корупција.
„Побаравме од Мартели да седне на преговарачката маса за да може чесно да се повлече и да не остави тотален хаос зад себе“, изјави Буронд Одиџ, лидер на опозициската група Фопак.
Ако не се одржат избори до 12 јануари, парламентот ќе се распушти и ќе ја остави земјата без функционална влада. Критичарите го обвинуваат Мартели дека сака да владее без парламент.
