Најмен по трет пат ја освои Вал Гардена
Интересно, до третата победа во неговата 13-та сезона во светскиот куп или вкупно 6-тиот подиум во кариерата,американецот стигна на патеката во италијанскиот зимски центар...

Американскиот ветеран Стивен Најмен е победник на третиот спуст сезонава што во рамките на светскиот куп во алпско скијање се возеше во Вал Гардена. Интересно, до третата победа во неговата 13-та сезона во светскиот куп или вкупно 6-тиот подиум во кариерата,американецот стигна на патеката во италијанскиот зимски центар каде што во најбрзата дисциплина победуваше во 2006-тата и во 2012-тата година. Во прилог на Најмен беше и нискиот стартен број и условите ,односно топлото време ,па скијачите кои подоцна се појавуваа на стартот имаа проблеми со максималната брзина која падна за безмалку 10-тина километри на час.
Сепак добрата форма со освоеното второ место со 31 стотинка зад победникот ја потврди лауреатот на претходните 2 трки во Бивер Крик и Лејк Луис ,норвежанецот Кјетил Јансруд, додека третото место заостанување од секунда и 15стотинки го освои Доминик Парис од Италија.Јансруд со две победи и едно втото место ја задржа лидерската позиција во спуст со 280 поени, 105 повеќе од Најмен,а и ја презеде лидерската улога во генералниот поредок во светскиот куп од австриецот Хиршер со 52 поена предност.
Возбудувањата во светскиот куп во алпскло скијање ќе продолжат утре со машкиот супервелеслалом во Вал Гардена и женскиот спуст во Вал Д Изер.
