Откриена нова опасна дрога во Македонија
19.12.2014 16:24
Дрогата претставува дериват- бел прашок со горчлив вкус на метал...

При претрес на познат нарко дилер од Битола, охридката полиција кај него пронашла 25 зелени таблети екстази со лого „ДНА“. Овие таблети содржат психоактивна супстанца – стимуланс на централниот нервен систем.
Дрогата претставува дериват- бел прашок со горчлив вкус на метал. МВР до министерството за здравство ќе достави известување дека на илегалниот пазар е појавена нова дрога.
23 годишниот битолчанец заработио кривична пријава за неовластено пуштање во промет дроги.
