Класичната кардиохирургија се заменува со аортална трансплантација
Во Македонија е изведена нова метода на интервенција на срце. Четворица пациенти успешно заздравуваат...

Револуционерната метода на имплантација на аортни валволи е успешно изведена кај четири пациенти. На возраст од 65 до 74 години тие биле срцево заболени кои имале дегенерирани залистоци на аортните валволи кои не функционирале. Биле долгогодишни тешки случаи, а не можеле да бидат оперирани па сега без сечење на градниот кош кај нив успешно е изведена интервенцијата.
„Сите поминаа одлично, кас сите технички помина процедурата без никакви компликации, сите се веќе раздвижени и од технички аспект сите интервенции се максимално успешни, што значи дека новите залистоци кои се вградени без сеченење на градниот кош функционираат одлично“, изјави д-р Сашко Кедев, кардиохирург.
Ова е почеток на заменувањето на класичната кардиохирургија со транскатетернска аортална трансплатација и по своето значење е како пред 25 години имплантацијата на коронарните стентови. Иако спаѓа во поскапите инервенции близу 20.000 евра, сепак, кардиохирурзите ја препорачуваат.
„Можеби дури класичната операција да е поскапа од оваа интервенција која на изглед делува поскапа. При класичната операција гледајќи ги помалдите и повозрасните заболени лица од оваа болест е со 3 проценти минимнална смртност, а овде е помала“, вели Александар Николиќ, кардиохирург од Црна Гора.
Во регионот, Црна Гора предничи со 25 извршени интервенции од овој вид. Во Словенија трендот е да се прават анализи на болните според кои се селектираат за вакви интервенции. Во Германија, пак, транскатетерската трансплатација се изведува и кај помалку ризични пациенти.
Фиљана Кока
