Прилеп: Свети Никола прославен со 60.000 посни сарми

19.12.2014 16:51

По 9-ти пат прилепчани и гостите на прослава на Свети Никола во центарот на градот. Многу желби за добри дела, а градот смета дека е оваа една од најуспешните инвестициски години. Претседателот Иванов ги упати и првите честитки за празникот ...

Посна трпеза, многу благослови и добра мисла по 9-ти пат им донесе празникот Свети Никола на прилепчани и бројните негови гости. Прилепчанки вредни, ја понудија од срце посната трпеза со 60.000 сарми, по 350 килограми грав и риба.

„За љубов и вера во срцето собрани сме денес тука заедно да го прославиме христијанскиот празник Свети Никола“, вели Илјаз Ригопулос, генерален директор на Мермерски комбинат.

Прилеп ја смета 2014 за една од најуспешните со милениумски роденден и  инвестиции.

„Еве имаме и најава, токму во вчерашмниот ден за голема инвестиција од владата, инвестиција со илјади вработувања во нашиот град“, вели  Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Првите честитки за Свети Никола пристигнаа од претседателот на државата.

„Посакувсам секој ваш празник да го поминувате во многу слога, со многу успеси и многу просперитет“, рече претседателот Ѓорге Иванов.

Новиот домаќин –  Тутунскиот комбинат очекува 2015-та да биде една од најзначајните и за компанијата.

„Конечно почнаа да дуваат некои подобри ветришта и очекуваме до наредната година имаме со многу работи да се пофалиме“, вели Александар Дерменџиев, генерален директор на прилепскиот Тутунски комбинат.

60.000 посни сарми за Свети Никола за домашните и нивните гости и уште многу повеќе желби – да има многу добри дела како што ги правел Свети Никола за да ги сплоти луѓето.

 

Елизабета Митреска