Лекарската комора реагира

03.01.2014 15:48

 

Лекарската комора на Македонија остро го осуди нападот врз здравствените работници од Итната медицинска помош, што се случи 20 –тина минути пред новогодишната ноќ.

 

Лекарската комора на Македонија остро го осуди нападот врз здравствените работници од Итната медицинска помош, што се случи 20 –тина минути пред новогодишната ноќ.

Да не се повтори настанот од новогодишната ноќ кога беше нападната екипата на Брзата помош, ниту пак другите во кои лекарите се жртви на напад од пациенти или нивни блиски. Од Лекарската комора на Македонија бараат измени во законската регулатива со кои би се обезбедила заштита на здравствените работници и санкции за оние кои ќе ги нападнат во вршењето на професионалните обврски. За последниот случај,  бараат надлежните институции да спроведат брза истрага, да ги идентификуваат насилниците и да ги изведат пред судот.

 (Секој поединечен случај на напад врз медицинско лице во Здравствена установа или на терен треба индивидуално да се испита , соодветно да се санкционира и случајот да се реши. Втора работа на која повеќе инсистирам е во законите кои ја регулираат дејноста на докторот, да се стават и членови кои ќе го штитат докторот од евентуални напади, вели проф. д-р Кочо Чакалароски – претседател на Лекарската комора на Македонија)

Само лани имало три напади врз екипи на Итната  медицинска помош во Гостивар. Многу побројни се заканите во лекарски ординации низ земјава.  Да се има лекарски тимови  и екипи на Брза помош кои спасуваат животи е богатство во една држава, велат од Здружението на приватните лекари, кои исто така го осудија нападот на екипата на Брзата помош.

 (Апелираме до сите институции кои што ќе ги изрекуваат казните , најстроги казни кон чинителите кои што го сториле ваквиот момент.  Лицата  коишто оделе во даден момент да спсат живот и некој од забава да ги претепа е начин на однесување којшто не треба да заживее во Република Македонија, рече д-р Лилија Чолакова-Дервишова – Здружение на приватните лекари)

За да се надминат недоразбирањата меѓу лекарите, пациентите и нивните семејства од Комората апелираат: лекарите да не разговараат арогантно и на повисок тон зашто таквиот однос иритира и граѓаните некогаш со право реагираат.  

 

Наташа Гркова-Петрушевска