Од 2011-та речиси 260 километри патишта се изградени во Југоистокот од Македонија

20.12.2014 14:25

Нова локална патна мрежа во најголема должина доби Струмица од 11,29 километри, потоа следува Гевгелија со 9,60 и Радовиш со 9,34 километри...

257.66 километри патишта се изградени во Југоистокот од Македонија во периодот од 2011 година до денес. Од нив, 66,26 се локални, а 191,4 километри се регионални и магистрални патни правци.

Струмица добила најмногу регионални патишта во должина од 42,25 километри, по што следува Радовиш со 35,10 и Валандово со 29 километри. Граѓаните велат дека подобрената патна инфраструктура им го подобрила и квалитетот на живот.

Нова локална патна мрежа во најголема должина доби Струмица од 11,29 километри, потоа следува Гевгелија со 9,60 и Радовиш со 9,34 километри.

За Југоисточниот плански регион, инвестирањето во патишта е директно инвестирање во развој на индустриските зони и локалната економија.

До 2017-та година во Југоистокот од Македонија треба да заврши изградбата на патот Струмица- Ново Село до бугарската граница во должина од 10 километри, како и локалниот пат од Попчево Белотино Рич од 9 километри.

Во изминатиот период, според официјалните податоци, санирани се три свлечишта во Конче, осветлена е клучката кај Калуѓерица, а се санира и мостот кај Злеово.

 

Катерина Давчева