Кошарка

Неизвесно,дали и квалитетно?

20.12.2014 16:15

Со натпреварот во кој екипата на Карпош Соколи го совлада Кожув со 82-69 кај нас беше заокружена кошаркарската 2014-та...

Со по 6 победи и 3 порази 4 екипи: МЗТ Скопје, Куманово, Фени и Карпош го делат врвот на прволигашката табела во мак-кошаркарскиот шампионат,што во секогаш дискутабилниот квалитет говори за израмнето,неизвесно и интересно првенство. Ако кон нив се придодаде и најуспешниот мак-колектив Работнички кој е во негатива од 1 бод, но и со натпревар помалку тогаш во најава е интересно продолжение на прволигашките битки закажано за 31 јануари, особено што актуелниот шампион МЗТ веќе се засили со Самарџиски,го најави и враќањето на Синовец како провокација за сите што сакаат да му го одземат тронот.

Но, дека не е се во индивидуалниот квалитет во ростерот покажа екипата на Фени со двете победи токму над АБА лигашот, а во добар дел од натпреварот и екипата на Работнички во контроверзното дерби кое со административни одлуки заврши во стилот на секое чудо за три дена. Долниот делна табелата интересно го предводи нашиот Библ претставник Кожув кој незнае за пораз во регионот ,но дома е со 4 победи и 5 порази, зад него се Струмица, Гоце Делчев и Водњански Лисици, сите желно очекувајќи ја паузата во првенството која за нив ќе биде работна за во релативно израмнетиот шампионат во продолжението да ја побараат својата шанса.