Шпанија и Норвешка за европскиот трон
Уште денеска актуелниот шампион Црна Гора немаше сили да го повтори мечот со Шведска кога со феноменална завршница направи пресврт и обезбеди полуфинале...

Големото финале остана без актуелниот шампион. Шпанија го детронизира европскиот владетел во полуфиналето со победата со 19-18 и во реприза на македонаското финале од европското во 2008-та ќе игра со најуспешната европска селекција Норвешка. Уште денеска актуелниот шампион Црна Гора немаше сили да го повтори мечот со Шведска кога со феноменална завршница направи пресврт и обезбеди полуфинале.
Водството на Шпанија со 13-8 на полувремето се покажа недостижно за црногорките кои иако вториот дел го добија со 10-6 сепак ќе мора да се задоволат со мечот за третото место против селекцијата на Шведска која во дуелот со 5-кратниот европски шампион Норвешка постојано беше во негатива и на крајот загуби со 29-25. Во досегашните 8 финалиња Норвешка има само 3 порази,а во скопското во 2008-та беа убедливи против Шпанија со 34-21.
