Скијање

Победи на Вон и Јансруд

20.12.2014 16:19

Втора победа во третиот сезонски спуст за американската Линдзи Вон која и покрај сериозната грешка на средина на патеката триумфира пред германката Викторија Ребенсбург и австријката Елизабет Гергл кои со идентични 19 ститинки зад Вон го поделија второто место...

Женски спуст во Вал Д Изер и машки супервелеслалом во Вал Гардена за атрактивна понуда во светскиот куп во алпско скијање. Втора победа во третиот сезонски спуст за американската Линдзи Вон која и покрај сериозната грешка на средина на патеката триумфира пред германката Викторија Ребенсбург и австријката Елизабет Гергл кои со идентични 19 ститинки зад Вон го поделија второто место.

Вон ја презеде лидерската улога во поредокот за спуст со 232 поена, 64 повеќе од Тина Мазе која денеска премногу внимателно стигна до 7-то место, но словенката и натаму е убедлива во поредокот за светскиот куп со 596 поени,269 повеќе од Ана Фенингер и 284 од третопласираната Вон во пресрет на утрешниот супервелеслалом во Вал Д Изер.

Норвежанецот Кјетил Јансруд победи на супервелеслаоломската трка во Вал Гардена потврдувајќи ја одличната форма на стартот на сезоната и со зголемување на предноста во генералниот поредок на 152 поена во однос на Хиршер и 80 во однос на рајхел во поредокот во супер-џи.

Второто место денска го освои италијанецот Доминик Парис со 46 стотинки зад победникот додека на третото со 54 стотинки се пласира Ханес Рајхел од Австрија.