Кошарка - НБА
Миротиќ со 6 од 6
20.12.2014 16:21
По поразот во Мемфис сега и на домашен терен од Портланд со 129-119...

Во три дена одново во три продолженија актуелниот шампион во НБА лигата Сан Антонио загуби натпревар. По поразот во Мемфис сега и на домашен терен од Портланд со 129-119. Пораз дома претрпе и Мемфис од Чикаго со 97-103 во натпреварот во кој блесна Никола Миротиќ со 6 тројки од исто толку обиди и со вкупно 27 поени.
Кливленд предводен од Леброн со 22 поена славеше над Бруклин со 95-91, а Оклахома и без својот најдобар поединец Кевин Дурант ги совлада Лејкерси во Лос Анџелес со 104-103. На другите натпревари; Орландо – Јута 94-101, Филаделфија – Шарлот 91-109, Бостон – Минесота 114-98, , Детроит – Торонто 100-110, Мајами – Вашингтон 103-105 и Денвер – ЛА клиперс 109-106.
