Акредитација на лабораториите во рок од 1 година
Со пари од буџетот државните лаборатории се опремуваат со најсовремена опрема .Но за да можат домашните компании и институции да ги користат нивните наоди и сертификати надвор од земјава потребно е да бидат акредитирани .Владата им даде временски рок од 1 година да го завршат целиот процес, во спротивно ќе им ја одземе дадената опрема .
Со пари од буџетот државните лаборатории се опремуваат со најсовремена опрема .Но за да можат домашните компании и институции да ги користат нивните наоди и сертификати надвор од земјава потребно е да бидат акредитирани .Владата им даде временски рок од 1 година да го завршат целиот процес, во спротивно ќе им ја одземе дадената опрема .
Некои од лабораториите се единствени и во регионот и нивната опрема и знаење се драгоцени , затоа што освен домашни фирми и институции опслужуваат и странски компании. Добиените резултати од испитувањата се почесто се користат и при извоз. Но за да бидат признаени надвор од земјава , лабораториите треба да бидат акредитирани .
Од вкупно 81 лабораторија оваа обврска е задолжителна за 56 од нив, како и за 7 други , кои се под капата на Mинистерството за здравство . Првите пријави Институтот за акредитација ги очекува во април и мај годинава .
,,Ние како Институт сме сосема подготвени за да одговориме на овој предизвик што побрзо и во рамките на тие рокови што се дадени од страна на Владата да ја завршиме целокупната постапка .”-вели д-р Трпе Ристоски, директор на Институтот за акредитација на РМ.
Нов се позначаен пазар за домашните лаборатории и 76 инспекциски тела се странските компании кои работат во слободните економски зони ,а нивното производство, вредно 850 милиони евра, целосно се извезува во десетици земји .
,,Можат да ги користат услугите на сите национални лаборатории во државата и инспекциски тела коишто се акредитирани од наша страна, бидејќи со тоа нивните резултати ќе можат да ги искористат за да ги пласираат нивните производи низ светот.” –појаснува Ристоски.
Странците се повеќе ги користат домашните лаборатории лоцирани во образовните и во здравствените институции, но тие мора да бидат акредитирани.Владата во проектот вложи десетици милиони евра и е децидна, опремата ќе им биде одземена на сите што нема да ја завршат постапката во рок од 1 година .
Свето Николовски
