Хуманитарен базар за изградба на Дневен центар за деца со аутизам
Донираа многу компании, но и граѓани. Дел од нив дојдоа да купат од изработките изложени на штандовите...
Секое дете со своја мисла. Дедо Мраз во бајките за желбите што ги остварува само со звукот на ѕвоното. Пред новогодишна еуфорија, ама дел од неа посветен на дечињата со аутизам. Се купува и се продава за да се дарува. Ним да им биде отворен дневниот центар.
Од се по нешто- сувенири, играчки, благи, вкусни јадења. Најсилна е желбата на децата за деца. Хуманоста нема граници.
Од здружението кое сите свои активности им ги посветува на децата со посебни потреби „Во мојот свет“ велат дека секоја донација е добредојдена за изградба на просториите во кои тие ќе си споделуваат.
„Со овој потег се буди јавната свест за аутизмот“, вели Златко Стојановски, претседател на здружението „Во мојот свет“.
Хуманитарниот базар „Подајте рака, допрете срце“ ја помогна приватната градинка „Сен Пол“.
Од здружението немаат сеуште податоци колку деца во Македонија боледуваат од оваа болест, но според Светската здравствена организација во земјава има 2.500.
Фиљана Кока
