Јанакиески: И следната година ќе продолжи изградбата на локални патишта

20.12.2014 18:02

Наредната година со несмален интензитет ќе продолжи со изградба на локалните патишта...

Денеска во Прилеп министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, присуствуваа на пуштањето во употреба новиот асфалтен пат помеѓу селата Клепач и Ерековци, во должина од 2,5 километри и новото повеќенаменско игралиште во гимназијата во Прилеп.

Јанакиески истакна дека владата и во наредната година со несмален интензитет ќе продолжи со изградба на локалните патишта, кои се од особено значење за економскиот развој на селата, а градежна експанзија ќе има и во однос на спортската инфраструктура во државава.

Министерот за транспрт и врски појасни дека со владината програма за изградба на локални патишта во земјава, инвестиција од 150 милиони евра, остануваат да се изградат уште 75 локални патишта.