Мајката осомничена за убиство на осумте деца во Австралија

20.12.2014 18:08

Осомничена е за убиството, но уште не се покренати обвиненија...

Австралиската полиција ја уапси мајката на 7-те од 8 деца што беа најдени во куќа во Кернс. Осомничена е за убиството, но уште не се покренати обвиненија.
 
„Најдовме голем број ножеви. Нашите научници ќе ги испитаат за да откриеме кој бил оружјето на убиството“, изјави Бруно Асинкар, детектив на полицијата на Квинсленд.
 
Жената беше најдена во куќата со прободни рани, покрај телата на 8-те деца на возраст од 18 месеци до 14 години.