Зголемени барања за бугарски пасоши
Рапидно расте бројот на млади луѓе кои заминуваат надвор од Македонија со бугарски пасоши. Според младинската коалиција „СЕГА“, ситуацијата е алармантна и треба под итно да се преземат мерки младите да останат тука.
„Младите се демотивирани, депресирани, не веруваат во институциите на системот и не ја гледаат својата иднина тука. Мора да се деjствува со нови мерки за вработување на младите, мора да се стимулираат младите од страна на бизнис-секторот да останат тука“, вели Зоран Илиески, извршен директор на коалицијата „СЕГА“.

Отворањето на границите на ЕУ за слободно вработување на бугарските државјани од 1 јануари оваа година уште повеќе ќе го зголеми овој број.
„Младите се подготвени и да го променат своето државјанство во бугарско, само и само да заминат од оваа држава“, додава Зоран Илиески, извршен директор на коалицијата „СЕГА“..
За жал, најголем дел од младите се гледаат себеси во странство.
„Во странство планирам да заминам, бидејќи тука нема работа и услови“, велат поголемиот дел од младите луѓе.
Ретко некој размислува поинаку.
„Лесно е да се избега, тешко е да се остане тука и да се променат работите, човек си кога ќе останеш тука и ќе се обидеш нешто да промениш“, рече еден млад човек.
Според неофицијалните информации, дневно има и неколку десетици барања за издавање бугарски пасош на наши граѓани.
Според дел од експерите, ова е стратегија на Бугарија за црно сценарио на Македонија.
„Верувам дека за брзо време ќе се постигне таа бројка од 25% наши граѓани кои ќе се изјаснат како Бугари, а со тоа ќе следуваат и сите други уставни можности од тоа“, истакна Дамјан Стојаноски, политиколог.
„Тоа и како ќе има реперкусии и по политичката состојба кај нас, па дури и по Уставот, затоа што Бугарија тоа ќе го побара во однос на бројот на издадени пасоши на наши граѓани“, потенцираше Зоран Илиески, извршен директор на коалицијата „СЕГА“.
Според некои неофицијални податоци, од 150.000 до 200.000 граѓани од Македонија поседуваат бугарски пасош.
Новинар: Дарко Штаргоски
Снимател: Илчо Димески