Штип доби Музеј на восочни фигури

20.12.2014 19:50

Во овој музеј се сместени 11 восочни фигури на истакнати историски дејци од илинденскиот и постилинденскиот период, а кои потекнуваат од штипско Ново Село...

Во штипско Ново Село денеска беше свечено отворен музејот на восочни фигури. Освен историски личности има и сцени, фотографии, автентични документи поврзани со најзначајните револуционери од тој регион.

Премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на отворањето потенцира дека овој музеј ќе остане вечно да раскажува за сите настани, за сите личности, за организацијата и за начинот на кој се живеело и на кој се гинело за Македонија. 

Министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска рече дека штипско Ново Село денеска добива музеј кој ќе биде спомен дом на македонските револуционери кои се родени во ова место и кои целиот животен век го посветија на Македонија.