Стартува ревитализацијата на пругата Битола- Кременица

20.12.2014 20:06

Ревитализацијата на пругата е од клучно значење не само за жителите на пелагонискиот крај туку и за стопанството...

По повеќе децении стартува ревитализацијата на пругата Битола-Кременица. Договорот кој со бугарскиот конзорциум бил потпишан пред два дена предвидува градежните активности да почнат на почетокот на 2015-та и да траат 18 месеци. Целата инвестиција тежи 20 милиони евра.

Ревитализацијата на пругата е од клучно значење не само за жителите на пелагонискиот крај туку и за стопанството кое ќе добие алтернативен пристап до Солунското пристаниште.

Ќе се зголеми и атрактивноста на индустриската зона „Жабени“ бидејќи еден крак од пругата ќе влегува во самата зона. Во целокупниот зафат, ќе биде реконструирана и железничката станица во Битола, а во поврзувањето со Грција, заедничка гранична станица ќе биде Кафкасос  кај Меџитлија која ќе ја изградат властите во Атина.