Одбележан 10-годишниот јубилеј од формирањето на Македонскиот национален совет во Република Србија

21.12.2014 15:16

Македонски паралелки во три општини, печатење македонски буквари, водедување на македонскиот како официјален јазик во општина Пландиште, ТВ емисии во Нови САД, Панчево, Ниш, Лесковац и Врање и печатењето на Македонска виделина и Видело, се дел од активностите на НС...

Со неофицијалната химна „За многу години Македонци, каде и да сте“, бројната македонска заедница во Србија која според проценките на ОБСЕ е над 200.000 лица, претставена преку Националниот совет, го одбележа 10-годишниот јубилеј од постоењето.
 
Македонците овде живеат во сите 178 општини и беше навистина тешко да се организираме, констатира Јован Радевски првиот претседател на МНС. Почнавме со 4 здруженија, за да денес имаме 35.
 
„Прво формиравме емисии на македонски јазик. Потоа ја формиравме новинско-издавачката установа со финансиска помош на покраината. Го формиравме националниот ансамбл Тоше Проевски. Бидејќи овде не го знаат мајчиниот јазик организиравме и курсеви на македонски јазик“, изјави Јован Радевски, прв претседател на НС на македонското малцинство во Р.Србија.
 
Македонски паралелки во три општини, печатење македонски буквари, водедување на македонскиот како официјален јазик во општина Пландиште, ТВ емисии во Нови САД, Панчево, Ниш, Лесковац и Врање и печатењето на Македонска виделина и Видело, се дел од активностите на НС.
 
„Последните истражувања во Србија, направени од независните државни органи, покажуваат дека НС на македонскот малцинство има најсериозни исчекори и ние сме едни од највисоко рангираните Национални совети“, рече Борче Величковски, претседател на НС на македонското малцинство во Р.Србија.
 
Македонците овдека имаат потреба од поголеми средства и барат отварање на Македонски културен центар.
 
„Овде има потреба од отворање на Македонски културен центар, зато што официјално не има околу 26.000,  но неофицијално во Србија живеат над 200.000 македонци. Таков еден центар не само што е потребен- тој е и неопхподен“, побара Виктор Шеќеровски, Директор на НИУ МИИЦ.
 
Националниот Совет е државна институција во рамките на српските власти задолжена за унапредување и штитење на правата на полето на образованието, културата, информирањето и зачувувањето на јазикот.
 
Оливер Бранковиќ