Печуркарството како семеен бизнис

21.12.2014 15:36

Цените на печурките се менуваат во зависност од побарувачката на странските пазари каде и најчесто се извезуваат...

За семејството Стојкови од Сушица собирањето и откупот на печурки веќе 20 години е семеен бизнис. Последните шест години Блажо, заедно со својот син започнува и со преработка. Печурките кои ги има во подножјето на планините Беласица и Огражден ги собираат во периодот од мај до крајот на есента во зависност од временските услови.

Цените на печурките се менуваат во зависност од побарувачката на странските пазари каде и најчесто се извезуваат.

Во Струмичкиот регион најзастапени се лисичарката, врганот,  јајчарката и црната  труба, но има и видови кои се ретки и доста барани. Меѓу нив е црниот вргањ, кој расте во нистостеблестите шуми, а е вистински деликатес  и еден од најквалитетните печурки што расте во Македонија.

Стојков вели дека бројот на собирачи во последните неколку години драстично се намалува, поради слабиот интерес кај новите генерации.

Катерина Давчева