Со „Најважната работа на светот“ заживеа новиот велешки театар
Режисерот Љубиша Георгиевски очекува претставата долго да го има гламурот кој на првата премиера го видоа посетителите...

Завесата се дигна, актерите ја одиграа првата претстава. „Најважната работа на светот“ ја оживеа големата цена од новата театарска зграда во Велес. Од лицата на актерите се читаше нивната возбуда.
„Исто како дете да ми се родило. Возбуден сум нормално, ама професионално мораш да ја одиграш улогата“, рече Благоја Чоревски, актер.
„На дете кога ќе му дадат играчка, е така сме сите радосни“, изјави актерката Маја Љутков.
„Насмевката е најкраткиот пат за да допреш до другите“, нагласи актерот Васил Зафирчев.
Режисерот Љубиша Георгиевски очекува претставата долго да го има гламурот кој на првата премиера го видоа посетителите.
„Ние сме заправо почестени многу од вечерашниот настап кој е во извесна смисла и историски настан“, рече Љубиша Георгиевски, режисер.
Билет повеќе се бара деновиве во Велес за да се биде дел од најголемиот културен настан во историјата на градот.
„Сцената нуди многу можности, се надевам дека не може се да се искористи во една претстава, но убедена сум дека они ќе продолжат да соработуваат со нивните сродни театри овде во Македонија“, изјави Елизабета Канческа Милевска, министер за култура.
„Од сето она што можев да го видам на сцената остава многу добар впечаток, нешто досега што сме го немале, а сме го очекувале“, нагласи Славчо Чадиев, градоначалник на Општина Велес.
Честите аплаузи и смеата за време на претставата се најдобриот показател како публиката ја доживеа „Најважната работа на светот“.
„Велес е центар на македонската уметност центар на македонската традиција и мислам дека на достоен начин ова ќе биде храм на културата“, изјави Илија Димовски, пратеник.
„Голем порив за нови предизвици за нови успеси и победи и многу поголеми амбиции“, рече Весна Димитровска Бобевски, актер.
„Ова е нешто што му недостасуваше на овој град“, рече Тони Цветковски, вљубеник во театарската уметност.
Актерите од Народниот театар, вечерва и утревечер ќе ја играат претставата. Скоро сите билети се предвреме распродадени.
Дијана Иванова
