Врачена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“
21.12.2014 15:59
За остварување во областа на новинарстовто наградата ја делат Мирела Саити, новинар во Македонското радио програма на албански јазик и Фиданка Танаскова...

Во Собранието на Република Македонија беше врачена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2014-та година.
За остварување во областа на новинарстовто наградата ја делат Мирела Саити, новинар во Македонското радио програма на албански јазик и Фиданка Танаскова, новинар и уредник на Нова Македонија.
Во областа на публицистиката признанието му беше доделено на Борче Грозданов, театарски критичар, публицист и новинар.
