Арифи кај владиката Јосиф
Со пораки за мир и сожителство, со желби за успешна година и среќни празници, митрополитот тетовско – гостиварски г. Јосиф ја пречека градоначалникот на Тетово, Теута Арифи во седиштето на епархијата.
„Ви посакувам добредојде во нашата митрополија. Иако е малечка, со големо срце и радост ве примаме. Се надевам дека и понатаму ќе имаме соработка“, посака митрополитот, г. Јосиф.

„Наше е да дадеме пораки на вредност и толеранција, кои се многу важни. Како такви, како што ние го правиме тоа во Тетово, така да се рефлектира во целата земја“, изјави градоначалникот на Тетово Теута Арифи.
На средбата се разговарало и за уредувањето на новите православни гробишта и за потребата да се изгради црква во новиот дел на градот.
„Прашањето на водоснабдувањето, сметот, подигнувањето на стандардите, прашањето на гробиштата, на капелите на двете страни. Додека сите други прашања мислам дека, откако ќе ги решиме овие проблеми, се прашања за кои може да се разговара“, рече Теута Арифи, градоначалник на Општина Тетово.
„Градоначалничката кажа дека има многу прашања што треба да се решат, но јас го пренесувам ставот на нашите православни верници дека тие сакаат нов храм во Општина Тетово, претпоставувам во новиот дел“, вели г. Јосиф, митрополит тетовско – гостиварски.
Ова е прва средба на тетовскиот градоначалник со епархискиот митрополит откако се формира новата тетовско – гостиварска епархија со седиште е во Тетово во храмот Свети Кирил и Методиј.
Автор: Зоран Јованоски
Снимател: Даниел Евросимоски