Подобра социјална сигурност со задолжителното осигурување на хонорарите

21.12.2014 17:36

Вакво решение е предвидено и во земјите од регионот, на пример во Хрватска и Словенија. Во Австрија задолжително се осигурани и лицата кои имаат неформален договор за вработување...

Од  1- ви јануари задолжително социјално осигурување за лицата кои остваруваат приходи од договор на дело или авторски договор, повисоки од минималната плата. Изземени од ова ќе бидат единствено пензионерите. Властите очекуваат со оваа мерка да се подобри социјалната сигурност на работниците кои ќе бидат осигурани. 
 
Вакво решение е предвидено и во земјите од регионот, на пример во Хрватска и Словенија. Во Австрија задолжително се осигурани и лицата кои имаат неформален договор за вработување. Во Германиија задолжително е осигурувањето за вработени и самовработени лица, со тоа што како самоовработени се сметаат и лицата кои остваруваат годишни приходи. 
 
Во најголем број  од државите, лицата кои остваруваат приход по основ на договор со правен основ се опфатени со задолжително социјално осигурување и имаат обврска да ги уплатуваат социјалните придонеси. Регулативатане ги исклучува од обврска да плаќаат придонес доколку остваруваат приходи по друг правен основ, а се вработени кај ист или друг работодавач. На тој начин во иднина овие лица нема да се јават како товар на државата за да им се исплаќаат бенефиции од социјалната заштита, бидејќи имаат можност да се вклучат во системот на социјално осигурување. 
 
Со новите законски решенија лицата кои не се во работен однос или самовработување,  а склучиле договор за  извршување физичка и /или  интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со со кој е определен надоместок повисок од минимална плата, како и останатите категории на работници, задолжително се осигуруваат од ризиците  на старост, инвалидност, смрт и здравствено осигурување. 
 
Преку опфат со задолжително социјално осигурување со право на пензија ќе се стекнат лица кои немаат доволно пензиски стаж по основ на работен однос, а не можат да се вработат и да навршат 15 години стаж на осигурување. Податоците на надлежните институции покажуваат дека Македонија и Албанија применуваат најниски стапки на социјални придонеси.
 
 
Викторија Тодоровска