Фудбал

Реал Мадрид круниса уште една сезона за паметење

21.12.2014 18:06

Тоа е вкупно 78 трофеј во клупската историја на Реал Мадрид а четврти сезонава, по јубилејниот 10 триумф во Л Ш, кралскиот куп и Суперкупот на УЕФА...

Со триумфот над јужноамериканскииот шампион Сан Лоренцо “кралевите“ дојдоа до првиот светски трофеј по новиот формат, а вкупно 4 комбинирано во историските соочувања во некогашниот Интерконтинентален куп. На градскиот стадион во мароканскиот град Маракеш пред околу 40 000 гледачи Серхио Рамос со глава во 37 минута го постигна првиот гол по асистенција на Тони Крос. Најскапиот светски фудбалер Герет Бејл ја потврди победата во 51 минута по акцијата на Иско и грешката на аргентинскиот голман Торико за конечни 2 : 0. Велшанецот потврди дека е играч за големи натпревари, затоа што претходно го реши финалето на шпанскиот куп, а стрелаше и во европскиот супер куп. 

Тоа е вкупно 78 трофеј во клупската историја на Реал Мадрид а четврти сезонава, по јубилејниот 10 триумф во Л Ш, кралскиот куп и Суперкупот на УЕФА. Календарската година ја завршуваат во одлична серија со 22 победи во низа или вкупно 51 во 63 одиграни натпревари, во кои постигнаа 178 голови. Бронзата на светското клупско првенство им припадна на фудбалерите на Оукленд кои дури по изведување на пенали го совладаа Круз Азул со 4 : 2.