Обама го осуди убиството на двајцата њујоршки полицајци
21.12.2014 19:30
Њујоршкиот оддел изрази жалење што двајца негови припадници нема да се вратат дома за Божиќ...

Американскиот претседател Обама го осуди убиството на двајцата њујоршки полицајци, застрелани во патролното возило од напаѓач кој потоа се самоубил. Њујоршкиот оддел изрази жалење што двајца негови припадници нема да се вратат дома за Божиќ.
„Биле цел поради униформата и одговорноста што ја презедоа да ги чуваат безбедни жителите на градов“, изјави Бил Братон, комесар на полицијата на Њујорк.
Убиецот, 28-годишниот афроамериканец Исмаил Бринсли, пред да ги убие, ја ранил девојка си и од нејзиниот инстаграм порачал дека се одмаздува за убиството на Ерик Гарнер, кого полицаец го задуши при апсењето и потоа беше ослободен од поротата.
