Скијање

Хиршер продолжува со доминацијата во велеслалом

21.12.2014 19:34

Освојувачот на големиот кристален глобус минатата сезона потврди дека е специјалист за техничките дисциплини со четвртата победа сезонава...

Австрискиот скијач Марсел Хиршер победи на велеслалолмот од светскиот куп што се возеше во италијанската Алта Бадиа. Освојувачот на големиот кристален глобус минатата сезона потврди дека е специјалист за техничките дисциплини со четвртата победа сезонава, вкупно 27 во кариерата со 1 секунда и 45 стотинки предност во однос на Американецот Тед Лигети, кој беше подобар од Французинот Томас Фанар.

Денешниот победник е лидер во велеслалом со 360 бода, или 74 повеќе од Лигети, а во генерален пласман води Норвежанецот Кјетил Јансруд со 610 поени кој денес беше 14 ти, сега само 70 повеќе од Хиршер.