Скијање

Гергл најбрза во суперелеслаломот, возеше како во најдобрите денови

21.12.2014 19:45

На подиумот се искачи и Словенката Тина Мазе со 13 стотинки послабо време од најдобрата...

Најдобрите алпинки возеа “супер џи“  во швајцарскиот Вал Дизер, каде што Елизабет Гергл од Австрија беше само за 5 стотинки подобра од сонародничката Ана Фенингер. На подиумот се искачи и Словенката Тина Мазе со 13 стотинки послабо време од најдобрата. Искусната 33 годишна скијачка ја оствари осмата победа во кариерата и потсети на 2010 година, кога 7 пати се најде на највисокото место на пиедесталот.

Во пласманот во оваа дисциплина води Швајцарката Лара Гут со 150 поени која денес беше 4 пласирана, втора е Гергл со 122, а во генерален поредок Тина Мазе има 656 бода, дури 249 повеќе од второпласираната Ана Фенингер.