Триумф на хокеарите на Македонија за слатка одмазда над Бугарија
Нашите хокеари славеа по изведување на пенали, откако резултатот по 60 минути игра беше симетричен 3 : 3. Првата ја добија гостите со 1 : 2, втората Македонија со 2 : 0 и во третата беше 0 : 1...

Мaкедонија ја совлада Бугарија во вториот пријателски натпревар во историскиот свомеч во хокеј на мраз, одигран викендов во Скопје. Нашите хокеари славеа по изведување на пенали, откако резултатот по 60 минути игра беше симетричен 3 : 3. Првата ја добија гостите со 1 : 2, втората Македонија со 2 : 0 и во третата беше 0 : 1. Два гола постигна Јуре Внук, а третиот за македонските хокеари беше Давор Анастасов. Во пенал рулетот одлични беа голманите, особено нашиот Александар Петров кој не дозволи ниту еднаш да биде совладан, а решавачки беше голот на најдобриот поединец на натпреварот Јуре Внук, за конечна победа 4 : 3 за Македонија.
Со тоа нашите хокеари им се реваншираа на бугарските за вчерашниот пораз на пенали, откако во регуларен тек мечот заврши 5 : 5. Овој пријателски двомеч на лизгалиштето во С Ц “Борис Трајковски“ беше одлична можност да се спореди квалитетот против селекција која има неспоредлоиво поголемо искуство во меѓународните настапи, но резултатите и играта се охрабрувачки и претставуваат значаен исчекор кон поактивно учество на нашата репрезентација на официјалните натпреварувања во наредниот период.
