Ракомет

Норвешка триумфира по шести пат, Шпанија вторпат поразена во финалето

21.12.2014 20:58

Сепак, до одморот се консолидираа и намалија на 12 : 10, а во второто полувреме го демонстрираа својот квалитет. Откако ја презедоа контролата, дојдоа и до 4 гола предност, но упорните шпанки се доближија на 26 : 25...

Норвешка потврди дека е селекција за финални мечеви, иако почна бавно и имаше негатива иод 9 : 5 во првиот дел. Сепак, до одморот се консолидираа и намалија на 12 : 10, а во второто полувреме го демонстрираа својот квалитет. Откако ја презедоа контролата, дојдоа и до 4 гола предност, но упорните шпанки се доближија на 26 : 25. Сепак, немаа сили за пресврт и Норвежанките се радуваа со 28 : 25.  Тие се вратија на тронот и со 6 златен медал се убедливо најуспешна земја во женскиот ракомет. Заедно со 3 сребра и една бронза го освоија вкупно 10 европски медал. Шпанија по вторпат играше во финалето и по вторпат е поразена од истиот ривал, кој 2008  во Скопје ги порази со 34 : 21.

Претходно во утешното финале Швеѓанките беа подобри во второто полувреме кое го добија со 14 : 11 и ја анулираа негативата од еден гол во првиот дел што го имаа ракометарките на Црна Гора. Шведска дојде до вториот трофеј на првенствата по сребрениот 2010 а Црна Гора по европското злато пред 2 години овојпат остана без медал.

Во меѓувреме пред одигрување на денешните натпревари Швеѓанката Изабела Гулден е избрана за МВП на шампионатот, а претставен е и  „Ол стар“ тимот на првенството во кој на позиција на голман е Солберг, во бековската линија се Кристијансен, Мерк и Неагу, на крилните позиции се Фискер и Мартин и на позиција пивот е Локе.