Едно лице тешко повредено во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје

22.12.2014 09:11

Сообраќајката се случила кога возило „Волксфаген“ со гостиварски регистарски таблици управувано од 27 годишниот М.А. влетало во излог од продавница од засега непознати причини...

Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случила утрово околу 5 часот на крстосницата на булеварите „Партизански одреди“ со „ВМРО“ , кај зградата позната како Тифани во Скопје.

Сообраќајката се случила кога возило „Волксфаген“ со гостиварски регистарски таблици управувано од 27 годишниот М.А. влетало во излог од продавница од засега непознати причини. Тој се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата и ги утврдува причините за несреќата.