Почина актерот Васил Шишков
22.12.2014 09:30
Роден е 1970 година во Скопје, а на театарската сцена се појави во 1991 година...

Ненадејно почина актерот Васил Шишков, син на легендата на македонското актерство Ристо Шишков.
Роден е 1970 година во Скопје, а на театарската сцена се појави во 1991 година.
Има настапувано во повеќе македонски филмови, а последната негова улога на филм беше во „Сенки“ на Милчо Манчевски.
Шишков има глумено и во серијалот „Македонски народни приказни“ и во филмовите „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“ „Бумбари“ и други.
