Парична помош за лицата со посебни потреби

03.01.2014 16:45

Со законски измени се подобрува статусот на слепите, глувите и на лицата со инвалидитет. Освен парична помош, течат и 15-тина проекти. Премиерот Груевски на средба со претставнциите на здруженијата. Слушна за нивните проблеми за кои заедно ќе бараат решение.

Со законски измени се подобрува статусот на слепите, глувите и на лицата со инвалидитет. Освен парична помош, течат и 15-тина проекти. Премиерот Груевски на средба со претставнциите на здруженијата. Слушна за нивните проблеми за кои заедно ќе бараат решение.

Од осми јануари дополнителни 4000 денари месечно за глувонемите. За неподвижните 7 илјади, а за 50 насто се зголемува и додатокот за родителите кои имаат деца со пречки во развојот. Премиерот Груевски на средбата со претставниците на националните здуженија ги образложи поволностите од законските измени, како и динамиката со која се реализираат 15-тина проекти со кои значително се подобрува нивниот живот.

-Со наша поддршка дополнително се обучуваат 25 толкувачи за 2013-та, обука што ќе заврши на почетокот на 2014-та. Планираме најмалку уште три циклуси на толкувачи, како и други проекти што се спроведуваат како стандардизација на знаковниот јазик, процес кој бара неколку години работа, рече Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

-Овој месец интензивно работевме на проект за изградба на инклузивно детско игралиште . Ова е многу важно, за децата со посебни потреби од најрана возраст да можат да другаруваат со другите деца, оцени Бранимир Јовановски од Националниот совет за лица со инвалидитет.

Фармацевти ќе се обучуваат со јазикот на глувонемите, за да им го олеснat купувањето лекови. 300 слепи лица ќе се вработат во администрацијата, а обезбедени се и пари и за набавка на Брајови часовници, звучни апарати за мерење притисок и температура.

Новинар: Анита Димитријевска

Снимател: Здравко Петрушевски