Над 14 илјади граѓани досега побарале медицински совет на „Ало докторе“
Јавувањата најчесто биле за најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни и респираторни симптоми, за покачен крвен притисок...

На бесплатната линија за медицински совети „Ало докторе“, од нејзиното отворање до денес, реализирани се вкупно 14.231 повик, соопштуваат од Здравствениот дом Скопје.
Во текот на изминатата недела на телефонската линија „Ало докторе“ медицинска помош побарале 927 лица.
Јавувањата најчесто биле за најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни и респираторни симптоми, за покачен крвен притисок, проблеми со зголемена телесна температура, кашлица, настинка и симптом на болка.
За здравствени совети на граѓаните им се достапни 22 доктори, а секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот „Ало докторе“ се дежурни и директорите на јавните здравствени установи.
