Турскиот премиер Давутоглу во посета на Македонија

22.12.2014 09:51

Во Скопје ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски и со претседателот Ѓорге Иванов.Теми на разговор ќе бидат политичките, економските и трговските односи меѓу Македонија и Турција...

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска и утре ќе престојува во посета на Република Македонија.
 
Давутоглу во Скопје ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски и со претседателот Ѓорге Иванов. Теми на разговор ќе бидат политичките, економските и трговските односи меѓу Македонија и Турција.
 
Ќе бидат разменети и мислења за регионални и меѓународни теми од заемен интерес.
 
За време на престојот, Давутоглу ќе има и активности во рамките на одбележувањето на Денот на турското образование во Македонија