Објавен јавен повик за концесија на ловишта

22.12.2014 11:27

Денеска е објавен јавниот повик за давање под концесија на дивечот во ловиштата. Огласени се 5 ловните реони и тоа во Македонски Брод, Прилеп, Делчево, Кочани и Струга...

Концесиите на дивечот се доделуват од 10 до 20 години. Право на учество на јавниот повик имаат домашни и странски правни лица. 

Изборот за најповолна понуда ќе се изврши електронски, а почетната цена ќе биде највисокиот понуден износ по јавното отворање на понудите.

Рокот за поднесување на понуди е најдоцна до 20 јануари 2015-та година.

За најповолен понудувач се смета учесникот со највисоката цена дадена за концесијата за  дивечот во ловиштето.

 

Методија Трајков