Комедијата „Грдиот“ го наполни Kумановскиот театар
Подготвен е новиот проект во Кумановскиот театар, претствата „Грдиот“ чија премерна изведба предзивка огромен интерес кај љубителите на театарската публика. Претставата е работена по текстот на герамаскиот драматург Мариус Фон Мајенгбург, во режија на Дејана Николовска. Младата режисерка и искусниот актерски тим засилен со млади имиња ја поканија особено младата публика да ја погледне претсвата која до неа праќа многу силни пораки...

Со уфрлени моменти на хумор и сатира, драмата „Грдиот“ спаѓа во жанрот на т.н „црнa комедија“. Работена е по текстот на германски драматург Мариус Фон Мајенгбург, а во режија на младата режисерка Дејана Николовска. По реакциите на публиката по премиерната изведба, претствата ветува долга век на репертоарот на театрот.
„Претставата беше многу добра, одамна немам погледнато вакво нешто во театрот, сите пофалби до тимот.“
„Има своевидна динамика, одлична актерска игра, ме радуваат вакви манифестации, се надевам дека почесто ќе ги има во нашиот град.“
„Долго време немам појдено во театар и вечерва бев пријатно изненаден од она што го прикажаа на сцена“, велат граѓаните кои ја проселдија премиерата.
Наликува на лесно и комично тетарко парче, но во неа се обработува сериозна тематика со реален завршеток. Очекуваме, да дојде особено младата публика и да ги прими пораките кои ги испраќа претствата, рече режисерката Николовска по одиграната премирна изведба.
„Фактот што во оваа време се наметнува тезата дека сите треба да изгледаат беспрекорно, сите да се богати, сите да се совршени, сето тоа го иритира човекот. Оваа иритација беше причината и ние да работиме на овој текст и направиве претства“, изјави режисерката Дејана Николовска.
Драмата „Грдиот“ за првпат е поставена на театарскиот репертоар во Македонија и обработува тема која е доста актуелна во капиталистичкиот свет, а тоа е опсесијата на човекот со надворешниот изглед, ставајќи го како најбитен фактор во искачувањето на скалилото на професионалната кариера.
„Среќата е некогаш зад тебе, треба само да се свртиш и да ја најдеш, а не само да трчаш безглаво по неа, е главната порака“, вели актерот Александар Микиќ, кој ја има главната улога во претставата.
„Актуелна е тема и верувам дека во Куманово сите жени ќе се препознаат, генерално жените во 21-виот век, но и мажите, не е искучено дека и мажите истото го прават“, додава актерката Александра Пешевска.
Кумановскиот театар за неполни две недели на публиката им ги претстави двата проекта на кои работеше во сезоната 2014- та , а финасирани според програмата на Министерството за култура.
Габриела Димковиќ
